До 2005 година во Скопје не постоеше вистинско место каде сите граѓани би имале пристап до компјутер и интернет. Со отворањето на Cyber клубот Ентернет, на 15-ти Септември 2005 година, започна глобалното обединување на сите генерации.
Силиконска долина од 600 метри квадратни на улица Орце Николов број 98 во нова, бела зграда се наоѓа Ентернет - објект кој го носи епитетот најголем интернет и гејминг објект на Балканот. Доколку не посетите ќе имате можност да се уверите во љубезноста и професионалниот пристап на сите вработени кои трпеливо ќе ви ги објаснат сите начини како да се стане член на семејството Ентернет, кое секојдневно се зголемува.
Имате можност за само 200 денари да станете член и да добиете своја членска картичка со која подоцна можете да ги користите сите погодности.
Цената на сурфање во Интернет зоната изнесува 30 денари/час доколку сте член или 40 денари/час во случај да не сте член.
За вистинските гејмери и сурфери постои и најефтина опција, дневна Day Light и ноќна After Dark во кои за само 100 денари добивате 10 часа.
Објектот е на две нивоа, на долното е сместена т.н. Бизнис зона која е опремена со 20 лаптоп компјутери, каде ве чека ултрабрз бежичен интернет. Во овој дел вие имате голема приватност. Секоја компјутер е опремен со слушалки, микрофон и веб камера, па така ќе можете без никакви проблеми да комуницирате со пријателите ширум светот.
На горното ниво, најголем дел зафаќа Public зоната. Таа претставува “срцето“ на Ентернет, составена е од 50 компјутери со завидна конфигурација, кои нудат незаборавно гејминг искуство. Во склоп на оваа зона, вклучени се и четири простории со по пет Pro-Gaming компјутери, именувани како Versus 1-4.
На другиот крај од Ентернет, се наоѓа Private зоната. Во неа се наоѓаат пет простории во кои во опуштена атмосфера можете да изгледате ДВД филм, или да одиграте некоја партија Play Station 2 или Play Station 3 и да уживате во оригиналните игри што ги нудиме.
Нешто што посебно ќе ве изненади е Gaming Day т.е. секој Вторник можете да играте и сурфате со 50% намалена цена.
Тука не се исклучени ни најмалите членови на Ентернет. Тие пак можат да го прослават својот роденден на многу специфичен и оригинален начин, и да уживаат со своите пријатели, додека родителите пијат кафе и се релаксираат во просторијата за одмор, покрај преубавиот аквариум.
Централната климатизација во целиот објект е од големо значење бидејќи во текот на денот во Ентернет поминуваат стотици гости.
Во периодот од 19 до 28 Август, во најдобриот Cyber клуб на Балканот, Ентернет се случи настан за историско значење за македонската сајбер-спорт култура.
За прв пат македонските гејмери добија шанса да се натпреваруваат за националните квалификации, а со тоа и можност да станат дел од првата сајбер - спорт репрезентација.
Со ова, и официјално започна професионалниот сајбер - спорт во државата, овозможен од Ентернет.
За нас